Протест за ослободување на осудените за „27 април“


Неколку илјади луѓе денеска излегоа на протест во Скопје со барање за ослободување на затворените за насилствата во Собранието од 27 април 2017 година. Протестот под мотото „Демократија во Македонија, слобода за уставобранителите“ почна пред владата, а заврши пред Собранието.

Протестот е во организација на неколку патриотски здруженија.ВМРО-ДПМНЕ дава поддршка на сенародниот протестен марш за слобода за Уставобранителите. Учесниците на протестот пеат патриотски песни и скандираат „Никогаш северна, само Македонија“, како и „Слобода за браќата“. Тие побараа и оставка од Владата и предвремени избори.

Македонската химна ја изведоа оперскиот пејач Игор Дурловски и пејачката Андријана Јаневска, кои пред Собранието испеаја уште неколку песни.
Дурловски беше еден од обвинетите за настаните од 27 април, но судот го ослободи од вина.

„Бараме Врховниот суд на Македонија да ги поништи пресудите против сите за настаните од Собранието на Македонија на 27 април 2017 година и да го обнови судењето поради дополнителни докази за лажни изјави на сведоци и селективен избор на докази и сведоци против обвинетите“, побара оперскиот пејач Игор Дурловски во името на организаторите.

Протестот е практично одраз на целокупната состојба во општеството, народот е незадоволен. Народот денеска е излезен во поддршка на луѓето кои што го бранеа Уставот.Еден ден неправедно осуден човек е како цела вечност.

Бидејќи имаме судска пракса за повторно отворање на случаи, не гледам причина зошто и овој случај да не се преотвори и луѓето од слобода да имаат втора шанса да се бранат и да ја докажат својата невиност, изјава на Христијан Мицкоски,претседатл на ВМРО-ДПМНЕ

Во март 2019 година, 16 луѓе беа осудени на затворски казни од над 10 години или вкупно 211 години затвор за кривичното дело „терористичко загрозување на државниот поредок”. Меѓу нив се поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, припадници на МВР и на Агенцијата за разузнавање. Во февруари годинава Апелациониот суд благо им ги намали казните на дел од осудените, на вкупно 188 години затвор.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ обвинети за насилствата беа амнестирани, а дел од нив потоа гласаа за промена на името.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1