Прв пат по 19 години научниците открија нов тип вирус на ХИВ


Научниците од компанијата ,,Абот” , прв пат по воспоставувањето на насоките за класификување на потипови во 2000 година, откриле нов сој на вирусот на ХИВ и го сместија во групата М ХИВ -1 подтип Л .

Научниците велат дека овој нов сој на вирус е класификуван во групата што може да предизвика глобална пандемија.

Научниците од ,,Абот” кои ја спроведоа студијата во соработка со Универзитетот во Мисури, потсетија дека постојат два вида вируси на ХИВ: ХИВ-1 и ХИВ-2 и дека вирусот ХИВ-1 е од групата на вируси одговорни за глобалната пандемија, тврдат американските медиуми.

ХИВ има неколку различни подтипови или видови, како и сите други вируси, и има способност да мутира со текот на времето. Ова е прв нов ХИВ вирус од групата М откриен откако беа воведени упатства за класификација на подтипови во 2000 година.

„Ова може да биде вистински предизвик за дијагностички тестови“, изјави вирологот Мери Роџерс, коавтор на истражувања од лабораториите на Абот кој вршат тестови на повеќе од 60 проценти од примероците на крв во светот.

Роџерс и нејзините колеги се во потрага по нови видови и имаат задача да ги пронајдат за да можат точно да се идентификуваат, без разлика во кој дел од светот се појавуваат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1