Прв случај на смрт по повторно заразување со коронавирус


Првиот смртен случај во светот по повторна зараза со коронавирус е регистриран во Холандија, јави холандската новинска агенција БНО Њуз.

Станува збор за 89-годишна жена, болна од канцер. Во јули и беше дијагностициран коронавирус. Тогаш таа се излечи од инфекцијата.

Но, два месеци подоцна и беше дијагностицирана слична состојба. Осмиот ден по откривањето на Ковид-19, состојбата на жената се влошила и починала две недели подоцна.

До денеска, пријавени се 23 случаи на реинфекција со коронавирус во светот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1