Пушка, пиштол, 2 куќи, кредит – пријавил новиот потпретседател на Собранието во Антикорупциска


Независниот пратеник Зекир Рамчиловиќ вчера и официјално беше избран за нов потпретседател на Собранието.

Рамчиловиќ на свое име во анкетниот лист кој го доставил до Државната комисија за спречување корупција, пријавил две куќи во Долно Коњари, едната од 168 метри квадратни, стекната со договор за градба, а другата од 123 метри квадратни, стекната со наследство.

На свое име пријавил и земјиште од 1.410 метри квадратни во Долно Кољари, а земјиште во истото место пријавил и на име на родителите.

Според она што стои во анкетниот лист, тој вози Голф 5.

Пријавил и оружје, ловечка пушка и пиштол.

Има и кредит од 480 илјади денари, кој треба да го врати до 2021 година.

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1