Рангелова: Не ме прати Мицкоски, јас не го поддржувам неговиот мнозински изборен модел


Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова ги обвини малите партии дека приредуваат фарса, бидејќи бараат да се смени изборниот модел во една изборна единица, ама не за парламентарните на пролет, туку за следните, локални избори, пренесува СДК.мк.

„И вие калкулирате, убаво ви е кога ви е загарантирано топлото коалициско столче. Му се додворувате на премиерот Заев. Да беше сега тука Мицкоски со малите партии, ќе кажеа браво Мицкоски, мнозинскиот систем е најдобар што вие го предлагате.Сега е време, а не за локалните избори. Веднаш треба да го отвориме Изборниот законик и да се видиме на дебата во Собранието. Во спротивно, ова е фарса и благодарам, другпат не доаѓам“, кажа Рангелова

Таа кажа дека веднаш штом влегла на денешната тркалезна маса во уставната сала на Собранието,протоколот ја пресретнал: „Вие сте претставник на Мицкоски?“

„Не, не ме прати Мицкоски, сама дојдов. Доказ за тоа е што јас нема да го поддржам неговиот предлог за воведување мнозински изборен модел. Сакам да кажам нешто во однос на големите партии кои се претставуваат демократски. Граѓаните се изморија од двопартискиот систем. Видете ги анкетите, 40 отсто од граѓаните не сакаат да излезат да гласаат“, рече Рангелова.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1