Распориле огромна ајкула и во утробата нашле човечка рака со бурма


Се верува дека ајкулата изела шкотски турист (44), кој исчезнал минатиот викенд додека летувал на францускиот остров Реунион, бидејќи неговата рака е пронајдена во утробата на ајкулата, пренесува „Дејли мејл“.

Шкотланѓанецот, кој дошол со својата сопруга на седумдневен одмор на Реунион, исчезнал во саботата кога сам отишол да плива во лагуната Ермитаж, сместена во близина на Сен Џилс.

Кога Скот не се вратил од пливањето, неговата сопруга ги алармирала безбедносните служби кои веднаш тргнале во потрага по човекот. “Нуркачи, чамци и хеликоптер ја пребараа областа околу коралниот гребен во близина на местото каде пливал. Областа во околината беше пребарана и со помош на кучиња трагачи. За жал, едноставно не можевме да го најдеме човекот”, изјавил извор вклучен во потрагата.

Кога оваа ајкула и четири други риби беа убиени оваа недела, била извршена обдукција на нивните трупови и тогаш е пронајдена шака во утробата на ајкулата , а на неа имало венчален прстен.

„Се сомневаме дека пронајдената шака му припаѓа на туристот чие исчезнување го пријави неговата сопруга во саботата попладне“, изјави изворот.

Големите бели ајкули и тигрести ајкули кои пливаат околу Реунион, остров во Индискиот Океан 800 км оддалечен од Мадагаскар, честопати ги напаѓаат луѓето.

Откриената шака ќе биде подложена на ДНК-анализа, меѓутоа, научниците кои работат за Центарот за безбедност на ајкули CSR во Реунион велат дека прстенот на шаката одговара на описот на прстенот даден од сопругата.

Мртвата ајкула- тигар во која е пронајдена шаката на човекот, е една од петте ајкули што им се заканувале на капачи околу Реунион, и била долга повеќе од три метри.

Проблемот со ајкулите околу Реунион е толку сериозен што францускиот претседател Емануел Макрон минатиот месец изјави за време на посетата на островот дека неговата влада прави сé што може за да се справи со проблемот.

Нападот врз Шкотланѓанецот е 24 -ти напад на ајкула во водите околу Реунион од 2011 година до денес. Единаесет од овие напади завршија фатално.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1