Разделба на ќерката од таткото , осуден на затвор зошто исекол три кубика дрва од државна шума


Станува збор за Босанецот Фикрет Дедиќ , кој оди на отслужување шестмесечна казна затвор , зашто исекол три кубика дрва од државна шума.

Неговата сопруга Рамиза вели дека тој сечел дрва во шумата зашто немаат пари , а треба да се згрее скромниот дом , каде живеат со три деца . Таа вели дека по објавувањето на фотографијата на Фејсбук , почнале да доаѓаат хумани луѓе за да им нудат помош.

Ни Фикрет ниту Рамиза немаат работа ,а работат сезонски за да го прехранат семејството. Неговиот пријател во објавата на фејсбук објави дека Фикрет не сакал да краде од продавница или од луѓе , туку отишол во државна шума , ги исекол дрвата и ги пренел до дома на грб.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1