Редоследот на претседателските кандидати ќе биде познат утре


ДИК ја почна седницата на која треба да утврди дали кандидатурите за претстојните претседателски избори се регуларни и согласно законот откако веќе се поднесени оние на кандидатите на СДСМ и коалицијата, на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и на албанската опозиција, Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река.

Комисијата по проверката ќе донесе решение за потврдување на кандидатурите со што Пендаровски, Силјановска и Река и официјално ќе станат кандидати за претстојните претседателски избори. Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски денеска непосредно пред почетокот на седницата изјави дека тој не очекува дека ќе има каков било проблем во кандидатурите.

Најави дека ДИК ќе излезе со соопштение оти најверојатно се потврдени кандидатурите за тројцата учесници во претседателската трка.

Од утре течат останатите рокови, меѓу кои и рокот за одредување на редоследот на кандидатите. Дерковски истакна дека неверојатно уште утре со жрепка ќе се утврди тој редослед, а од 1 април и официјално почнува кампањата за претседателските избори.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1