Регистрирани 12 нови случаи на коронавирус во Македонија


Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 12 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (7) и Куманово (5).

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 148 лица од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

  • Скопје (88)
  • Дебар (40) – од кои 1 починат
  • Куманово (8) – од кои 1 починат
  • Штип (7)
  • Кавадарци (2)
  • Охрид (2)
  • Гостивар (1)

Поради собирање на податоците до 12:00 часот, соопштението со детален извештај ќе биде испорачано секој ден во периодот од 12:00 до 13:00 часот.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1