Реизбран народениот правобранител Иџет Мемети


Собранието на Република Македонија денеска на 49. седница го реизбра актуелниот народен правобранител Иџет Мемети. Покрај ова, разрешен е и заменик народниот правобранител Невенка Крушаровска поради исполнување на услови за старосна пензија.

idjet memetiПратениците ги усвоија и Предлогот за огласување и именување на Јавниот обвинител, како и одлуките за изменување на Одлуката за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието и за изменување на Одлуката за основање на пратенички групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на други држави и избор на претседатели и членови на тие групи.

Меѓу усвоените точки беа и одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „Гоце Делчев“, како и одлуките за престанок на мандат на член на Државниот совет за превенција на малолетничко престапништво и за избор на членови на тој совет.

Собранието ги донесе и Законот за ратификација на Осмиот дополнителен протокол на Уставот на Светскиот поштенски сојуз и Законот за воена финансиска соработка меѓу владите на Македонија и на Турција и Протоколот за спроведување на финансиска поддршка меѓу владите на двете земји.

Пратениците гласаа и дадоа поддршка и за измените и дополнувањата на Законот за азил и привремена заштита, на Законот за лична карта, на Законот за приватно обезбедување, на Кривичниот законик, на Законот за Академија за судии и јавни обвинители и на измените на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи.

Донесени се и Законот за упатување работници во други држави за изведување на градежни работи преку проектни договори и за вршење на други сезонски работи, а во областа на економијата изгласани беа измените на Законот за персонален данок на доход, дополнувањата на Законот за платниот промет и на Законот за трговските друштва.

По завршувањето на 49. седница пратениците ја продолжија расправата по 47. седница на која беа донесени измените на Законот за пензиско и иналидско осигурување и на Законот за социјална помош.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1