Роден е како девојче, а сега е момче: Православната црква на Црна Гора го крсти првиот транссексуалец


Транссексуалец е крстен во Подгорица со благослов на Митрополијата црногорско- примнорска и митрополитот Амфилохије.

Крштевањето се одржа во неделата во Храмот на Христовото Воскресение во Подгорица. Трансексуалното лице се крсти во црногорска народна носија под името Вук Аџиќ, иако во личната карта се уште се наведува неговото женско име.

Претседателот на Управниот одбор на ЛГБТ Форумот Бојана Јокиќ преку Фејсбук објасни дека Вук сè уште не ја поминал целата транзиција и рече дека ова е првиот случај на крштевање на транс лице кое не поминало транзиција.

“Нема збор со кој може да се опише ова чувство на среќа и гордост. Денес, христијанската љубов кон човекот ги надмина сите разлики. Му благодарам на Митрополитот со отворените раце, подготвени за прегратка за сите нивни деца”, напиша Бојана Јокиќ.

Трансроден човек е трансродова личност која има јасна желба и намера да го промени својот пол, како и лице кое делумно или целосно е изменето (вклучувајќи физичка и / или хормонална терапија и операција) своето тело и изгледот. Поради ова, сексуалната транзиција е долг и често непријатен процес.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1