Русковска: Акцијата во Грчец е пробиена, петте главни во бегство, луксузните возила и дрогата сокриени


Акцијата во село Грчец е пробиена, рече на денешната прес конференција шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.

Како што кажа таа теренот бил исчистен, а пронајдени се пари и нешто повеќе од половина килограм кокаин.

„Во претресите одземени се над 80.000 евра, а за пронајдената дрога сѐ уште не се готови вештачењата, но најдени се околу 5 килограми марихуана и 600-700 грама хероин. Најголем дел од парите се пронајдени при претресите во Гази Баба, а многу малку во село Грчец. Според посебните истражни мерки кои денеска завршуваат за лицата по кои се трага, акцијата во село Грчец е пробиена. Беше сѐ исчистено и не се пронајде поголема количина, истакна Русковска.

Рускоска додаде дека се одземени 3 возила, но луксузните автомобили на водачите биле сокриени и некаде се пронајдени само клучеви. Таа појасни дека за сега нема информации кои се поткажувачите бидејќи петмината главни нарко босови се во бегство.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1