Сѐ уште енигма каде се милионите од „Рекет“


УЈП од денеска се впушта во контрола на фирмите на Бојан Јовановски. Истражителите на оваа институција ќе ги чешлаат даноците во сметководствената евиденција на Меѓународен сојуз – Скопје, 1ТВ и БЈМ медиа. Според постапката, УЈП ги доби од Кривичниот суд налозите кои треба да ги испратат до истражниот затвор во Шутка. Со нив, ќе го известат Боки 13, за преку неговиот адвокат да им пренесе на вработените да ја подготват сметководствената евиденција на увид.

Од УЈП велат дека се интересираат само за делот на даноците со кои физички и правни лица фирмите соработувале и биле уплаќани пари и дали е платен данокот за државата. Ваквата контрола ја спроведуваат самоиницијативно без налог на обвинителството. Но, според некои антикорупционери, самото Обвинителство многу порано требало да побара влез од УЈП во фирмите на Јовановски и да делуваат синхронизирано.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1