СЈО замина во историјата, од денеска нов закон за Јавно обвинителство


Специјалното јавно обвинителство заминува во историјата. Од денеска почнува да важи новиот закон за јавно обвинителство кој Собранието го донесе во февруари годинава по повеќемесечна жестока дебата и партиски преговори со кои се обезбеди неопходното 2/3 мнозинство.

Новиот закон обезбедува иднина на обвиненијата кои во своето 4 годнишнио постоење ги отвори СЈО. Тие преминуваат во државното јавно обвинителство но остануваат во рацете на истите обвинители кои беа дел од тимот на СЈО. Според новото законско решение нелегално прислушуваните телефонски разговори повеќе нема да бидат основа за нови обвиненија ниту докази во судските постапки. Аудио номните може да се користат само како индиции за незаконски дејствија.

Првиот човек на државното јавно обивнителство Јовески во утринското интевју за МИА уверува дека неговата институција нема да ја направи истата грешка и дека во иднина ќе се обезбеди соодветна завршница на сите покренати обвиненија и истраги.

Со СЈО преку социјалните мрежи се прости и Ленче Ристовска која вели дека и покрај се за неа оваа институција останува симбол на борбата со криминалот и корупцијата во земјава, без да го коментира начинот на кој СЈО згасна.

Нејзината најблиска колешка Фатиме Фетаи пак порачува дека нивната работа не завршува тука.

Според адвокатот Еленко Миланов пак кој е еден од најчестите законски застапници на обвинетите во предметите на СЈО вели дека од денешен аспект треба да се преиспита легитимноста на сите досега презмени дејствија на специјалните обвинители.

Сите премдети на СЈО се живи порачува и министерката Дескоска која активно беше вклучена и во преговорите и во изготвувањето на новото законско решение.

Според ВМРО-ДПМНЕ новиот закон само обезбедува заштита на криминалите на Заев и СДСМ, но порачуваат дека амнестија нема да има.

Заев и СДСМ го заробија правосудниот систем, а од ветуваните право и правда нема ништо. Има само извитоперено право и извитоперена правда по теркот на Заев. Тоа не е ниту право, ниту правда. За три години СДСМ само газеше по правото, газеше по законите, газеше по Уставот. За три години СДСМ гази по народот. ВМРО-ДПМНЕ е различно и тоа ќе го видат граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ кога зборува за право и правда, мисли на право и правда засновани на почитување на процедури, закони и Устав, се вели во писмената реакција на опозициската партија.

Специјалното јавно обивнителство кое пред 4 години беше формирано за да ја врати довербата во судскиот систем згаснува една година откако во јавноста беше откриена аферата Рекет во која се докажа директна вмешаност на првиот човек на СЈО, Катица Јанева која за овој предмет пред две недели заработи затворска казна од 7 години.

Во своето 4 годишно постоење СЈО покрена 22 обвиненија од кои само 5 добија судска завршница. Постоењето на оваа институција државниот буџет го чинеше повеќе од 10 милиони евра.

Sitel.mk

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1