„Сакаме наша држава сите ќе ве убиеме“ – Детали за инцидентот во Липково


Сите ќе ве ликвидираме. Сакаме наша држава. Со овие зборови 40тина терористи со маски на УЧК утрово околу 2:30 часот ја нападнале караулата во Гошинце, јавува МВР. Според информациите од полицијата, станува збор за добро вооружена група која комуницирала на албански јазик. Заробиле 4 полициски службеници и им ги врзале рацете со лисици, а едниот полицаец бил и удиран.

Терористички напад врз полициската станица во Гошинце, општина Липоково, се случил ноќеска во 2 часот и 30 минути, потврди Министерството за внатрешни работи. Како што појасни портпаролот на МВР Иво Котевски, вооружена група од Косово ја нападнала караулата во Гошинцеivo kotevski

Еден од терористите преку преведувач им се обратил.

„ Ние сме од УЧК. Пренесете дека ни Ахмети ни Груевски може да ве спаси. Не сакаме охридски договори, никој не смее да дојде. Сите ќе ве ликвидираме. Сакаме наша држава.“ – рекол терористот.Потоа им дале клучеви на полицајците да се одврзат и им рекле дека имаат половина час за да си заминат бидејќи во спротивно ќе ги ликвидираат. Им ги искршиле радиостаниците.

Еден полицаец зел клучеви и ги одврзал колегите и пеш заминале кога слушнале долг рафал од автомат. Според првични информации се работи за лица од Косово. МВР презема мерки за расчистување на случајот.

Во моментов полицајците се безбедни а полициската караула е ослободена

Од МВР велат дека Македонија и нејзините институции биле цел на терористички напад.

Tags:

MK News

Автор инфо

One Response to “„Сакаме наша држава сите ќе ве убиеме“ – Детали за инцидентот во Липково”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.