Сакате да бидете стујардеса? Катар Ервејс бара работници во Македонија


Aвиокомпанијата Катар Ервејс деновиве во Македонија бара персонал за работа во оваа авиокомпанија. Оргазнирани се интервјуа во Скопје. Според информациите секој може да се јави на интервјуто и да разговара со тимот за регрутација на нови кадри.

Како што не информираа од авиокомпанијата тие се надеваат дека ќе најдат кадар кој ги исполнува условите, решени се да вработат македонци.

Интервјата се закажуваат за девети јули со почеток во девет часот. Ќе се одржуваат во хотелот Холидеј Ин.

Ако сакате да аплицирате за работа во Катар Ервејс се што треба да направите е да понесете биографија (CV), една фотографија како за пасош и да се појавите во холидеј ин на 9 јули во 9 часот.

По првичните интервјуа ќе се направи селекција и оние кој ќе бидат одбрани ќе подлежат на дополнителен процес на селекција.

Инаку оваа авио компанија е една од оние кој својот кадар го регрутираше од балканските земји и преку интернет. Секој можеше и преку фејсбук да аплицира. Според информациите голем број српски државјани работат во моментот за оваа компанија која е со седиште е во Доха, Катар.

Share Button

Tags: , , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

4 Responses to “Сакате да бидете стујардеса? Катар Ервејс бара работници во Македонија”

  1. Sto uslovi nudite i na kolku vreme e vrakanjeto…pozzzzzzzzz

    02/07/2012 00:11 at 00:11 Reply
    • MK News

      тина вработуванјето го нуди катар ервејз ние ја пренесуваме информацијата. повекје информации за условите мозе да ви дадат тие ако отидете во холидеј ин на 9 јули во 9 часот .

      02/07/2012 00:54 at 00:54 Reply
  2. *** #

    ako moze da ni dadete informacii za agencijata sto posreduva za rabotata nekoj nivni e- mail ili telkefonski broj blagodaram

    02/07/2012 15:49 at 15:49 Reply
    • MK News

      почитувани нема оставено контакти. единствено информација дека во 9 часот на 9 јули ќе се врши масовно интервјуирање со сите заинтересирани во холидеј ин. фирмата нема преставништво во македонија можеби затоа. доколку сте заинтересирани отидете на 9 и таму ќе ви дадат дополнителни информации.

      02/07/2012 20:01 at 20:01 Reply

Остави коментар

UA-33057274-1