Се дозна скандалот: Две жени кубеле коси за директорот на ЦИА и му го хакнале емаилот


Приказната околу директорот на ЦИА David H. Petraeus кој даде оставка бидејќи имал вонбрачна афера почнува да излегува на виделина.

Вонбрачната врска не е единствена причина. Две жени кубеле коса за него, си претеле меѓусебно, а некој и му го хакнал маилот на директорот на ЦИА поради што и целата истрага била покрената.

 

Имено како што објавува washington post и други странски медиуми жената Paula Broadwell, новинарка и автор на книгата  All In: The Education of General David, со која директорот имал официјална вонбрачна врска, односно која ја призна во оставката испраќала неколку претечки маила до друга жена блиска на директорот.

Таа жена работела со директорот и наводно се пожалила на колегите по што ЦИА земало да го испитува случајот, дошле до емаилот на швалерката на директорот и потврдиле дека таа е таа што и се заканува. Идентитетот на другата жена, како и нејзиниот однос со директорот не се обелоденети.

 ФБИ при истрагата открил и дека личниот емаил на директорот бил хакиран што е вистинска закана за безбедноста и работата на агенцијата.

Тројцата агенти кои овие информации им ги дале на новинарите од Вашингтон Пост барале да останат анонимни но по нивните изјави се открил уште поголем скандал.

Имено директорот на ЦИА е оженет и има две деца, а неговата швалерка исто така била мажена и имала 2 деца.

Ова е љубовницата на директорот на ЦИА – даде оставка поради новинарка (Видео)

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1