Се лизнал и паднал на лед – си земал 1 милион оштета


Човек кој се лизнал и паднал на лед од што се здобил со повреди, го тужел претпријатието задолжено за чистење на улиците.

led pad На комуналното претпријатие „Чистота“ во Нови Сад, врз основа на судски налог во 2009 година неколку дена морала да и биде блокирана сметката, за да на шеесетгодишниот Стеван М поради незгода на пешачки премин (се лизанал на мразот) морало да му бидат исплатени 944,441,68 динари.

Незгодата се случила на пешачки премин на улица која била под надлежност на Јавното комунално претпријатие „Чистота“, за истата да биде исчистена. Адвокатот Зоран Ивановиќ вели дека исплатената сума дури и е помала од првобитната пресуда, но и дека претпријатието можело да се спогоди и да ги избегне високите трошкови.

„Мојот клиент работи на пазарот а поради повреда не можел да биде активен повеќе од шест месеци. Од „Чистота“ се виновни за тоа што не ја исчистиле улицата. Можеби за некои ова изгледа како голема сума, но човекот мораше да оди на рехабилитација година дена, а не можеше да работи со месеци. Кога се ќе се земе во предвид, можам да кажам дека ова е реална сума“, наведува Ивановиќ.
Ова не е изолиран случај. Надлежните во градските претпријатија потврдуваат дека секоја година добиваат тужби заради повреди на граѓаните поради лизгањата во зимата.

„ЈКП „Пат“ само годинава добила околу стотина тужби од граѓаните поради оштетувања на возилата или повреди поради дупки на патиштата, или снегот и замрзнатите патишта. Некогаш се повеќе, а некогаш помалку, но не секогаш истите завршуваат во корист на граѓаните“, вели Елена Стоисављевиќ од јавното комунално претпријатие „Пат“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1