Се обеси во паркот каде со години им чистел чевли на минувачи – Последниот ден на скопјанецот што се самоуби


Ова е вистинска прикаска за чистачот на чевли кој вчера си го одзема животот со бесење.
Утрински весник ја пренесува судбината на несреќниот човек, кој три години бил болен од рак на простата, а цело време бил одбиван за инвалидска пензија.

И во средата, како и секое утро, 58-годишниот А.И. од населбата Шуто Оризари и’ правел друштво на својата сопруга кон нејзиното работно место. Со градски автобус пристигнале до центарот на градот. Неколку часа подоцна неговиот живот заврши во близина на една од нajфреквентните раскрсници во градот спроти поранешната зграда на НИП „Нова Македонија“.

Токму на спротивната страна, во близина на зградата на Европската мисија во центарот на градот, тој со години им ги чистел чевлите на минувачите. Во ќесичката што А.И. ја носел со себе, имало околу 900 денари и таблети.

obesen-nmak-685x320

Имал 2 сина – едниот живее во Скопје со родителите. Постариот живее во Франција. Неговата 16-годишна ќерка на интернет ги видела фотографиите од починатиот дедо.

„Имаше проблеми со срцето, преживеа инфаркт, пред Нова година. Три години имаше рак на простата, имаше и психички проблеми. Постојано пиеше апчиња, беше многу внимателен. Секое утро ја испраќаше мајка ми на работа, а вечерта кога ќе се вратеше, правеше две кафиња: за себе и за неа. Четириесет години беа заедно“, вели еден од двајцата синови.

„Не насетувавме дека ќе се одлучи на таков чекор. Беше многу разочаран од сите болести, беше одбиван за инвалидска пензија. Дваесет години работеше во една голема фирма што пропадна, па потоа чистеше чевли пред зградата на Европската мисија во центарот на градот, поточно на раскрсницата каде што си го одзеде животот. Еден куп болести имаше, само тој знае колку му било тешко“, велат блиските.

Целата приказна на – Утрински Весник 

Tags:

MK News

Автор инфо

3 Responses to “Се обеси во паркот каде со години им чистел чевли на минувачи – Последниот ден на скопјанецот што се самоуби”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.