Се затвора Заводот во Козле – заболени осум медицински лица и двајца пациенти


Центарот за рехабилитација во Козле, каде беше сместен еден пациент на кој му беше дијагностициран Ковид 19, во следниот период нема да работи, а лицата кои имаат потреба од таков вид медицинска услуга ќе може да ја добијат во Болницата „8 Септември“. Министерот за здравство Венко Филипче, информираше дека осум медицински лица од Центарот се позитивни на коронавирус.

„Во Институтот за физикална медицина тестирани се 46 вработени и 6 пациенти. Позитивни се 8 медицински лица и двајца пациенти. Денеска се тестирани уште 16 пациенти“, рече Филипче.

Утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент на 79 години, од Дебар. Пациентот е дијагностициран позитивен на Ковид-19 на 23 март, а со влошена здравствена состојба хоспитализиран на клиниката во Скопје на 25 март. Со ова бројот на починати се зголеми на 7 лица.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 26 нови случаи на коронавирус во земјата. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во земјата изнесува 285 лица.

Добра вест, рече Филипче, е што денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се испишани 9 пациенти (8 од Дебар и 1 од Скопје) кои на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат. Нивната здравствена состојба е добра и тие заминаа дома.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1