Села: Дојдено е време да се смени власта


Дојдено е време да се смени власта, во Македонија треба да има предвремени избори. Ова во синоќешното интервју преку „Скајп“ го порача лидетот на Алијанса на Албанците Зијадин Села за РТВ „Ора“ .

Ние како Албанци, како албанска партија, сметаме дека предвремените избори треба да се случат што е можно поскоро. Ова е со цел конечно да се смени власта и на тој начин да се донесе демократија и да ја вратиме надежта на луѓето и да се запре егзодусот на младите кон ЕУ, порача Села.

Според него, албанскиот дел во владата, ДУИ, владеел на незаконски начин.

Сите функционери на ДУИ се заштитени од овој сегашен полурежим на СДСМ и ДУИ, кои мора да одговараат за криминалот и корупцијата кои ги имаат направено. Затоа велиме дека е многу важно да има предвремени избори со цел да дојде до израз одговорноста на албанскиот дел од владата, која владееше незаконски начин и со проблемите на ваквиот начин на владеење се соочуваме секој ден во албанското општество, рече Села.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1