Шпанската Влада разгледува воведување на вонредна состојба во Мадрид


Шпанската Влада утрово започна седница на која ќе се разгледува воведување на вонредна состојба во Мадрид и околните општини.

Седницата следува откако е воведен делумен карантин во Мадрид и предградијата, со цел спречување на ширењето на коронавирусот.

Премиерот Педро Санчез синоќа разговараше со регионалната шефица Изабел Дијаз Ајусо, на која и постави ултиматум дека, доколку таа не прогласи вонредна состојба, тогаш тоа ќе го направи Владата.

Вонредната состојба и дава дополнителни овластувања на Владата времено да ги ограничи правата на граѓаните, а во овој случај тоа се однесува и на слободата на движење.

Последните две недели во Мадрид и околината се регистрирани по 591 случај на зараза на 100.000 жители, што е двојно повеќе од цела Шпанија заедно (257 на 100.000) и многу повеќе од европскиот просек (113 на 100.000).

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1