Што е, другарчиња, цвикате од протестни собири, ќе воведете полициски час?


Новинарот Бранко Геровски во својата најнова колумна ги критикува измените на законот што се планира да се донесат а се однесуваат на ограничување на правото на протест. предлог-измени на Законот за јавни собири, во кои се предвидуваат нови, драстични, дури и неверојатни ограничувања на правото на јавно собирање.

Еве што вели во дел од колумната

Иако знам колку сте нервозни и очајни, сепак не верував дека ќе се осмелите својата замисла да ја преточите во нови, срамни, тоталитаристички законски ограничувања на уставното право на слободно собирање.

Но, се сеќаваат ли „шарените револуционери“ колку пати заедно протестиравме на мостови, на надвозници и подвозници, на крстосници? Како тоа тие места порано не беа, а сега одеднаш станале „места од витално значење за сообраќајот“?

Шапшали едни, одговорете каде на друго место да протестираат луѓето незадоволни од власта? Во атарот на село Муртино? Можеби ќе определите посебни простори за таа намена? Некакви ливади далеку од просторот што вам ви припаѓа, на луѓето од власта, просторот што мислите дека сте го наследиле од вашите татковци и дедовци. Е мало морген, другарки и другарчиња!

Кој ви дал право и со какво образложение се обидувате да ја зголемите потребната бројка на граѓани за организирање на јавни собири, од досега пропишаниот минимум од 20 граѓани, на најмалку 50 граѓани? Што се случило во меѓувреме во Македонија? Нацијата двојно ни се зголемила? Или можеби вашиот страв да не ви се случи народ двојно пораснал?

Најкомична е вашата намера да го ограничите времето на одржување на јавните собири од 6 часот наутро до 23 часот навечер. Луѓе, па вие тотално сте се мрднале од умот! Не е далеку денот кога во име на „одбраната од нападите врз демокртијата“ ќе воведете полициски час.

Е другарки и другарчиња, ви омекнале газињата во фотелјите во „органите на државната власт на Република Северна Македонија“. Па сте заборавиле кога против режимот на Груевски се боревме на протестните собири на Отпорот, на улиците и на крстосниците, на мостовите. Сте заборавиле кога ја пеевме „О бела чао“ до долго во ноќта. Веќе не се сеќавате на протестните собири на „Шарената револуција“, на маршевите по виталните сообраќајници, на деноноќните кампови пред Владата и пред Собранието. Груевски беше лош, ни праќаше полицајци, ни фрлаа шок бомби, ќе паднеше овде-онде и и по некој пендрек, но фер е да се каже дека на сатрапот сепак не му падна на ум да ги ограничи јавните собири со вакви безумни законски решенија.

Ау, па вие сте станале полоши од него!!!

А ништо нема да постигнете. Само лошо си правите. Кој ве заебал вака гадно, навистина не ми е јасно.

Леле во што се претворивте, мене срам ме фаќа!

Целата колумна на Бранко Геровски прочитајте ја на – ПлусИнфо.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1