Што јадат децата во македонските училишта


Солено, масно и газирано. Ова е ужината што учениците најмногу ја конзумираат за време на одморите меѓу часовите. Ова не е изненадувачки податок ниту за наставниците ниту за родителите, ниту пак за децата бидејќи пекарниците и сендвичарите се дел од нивното детство.

PICEDITOR-SHDАнкетата ја спровеле на учениците од седмо и осмо одделение од основното училиште „Љубен Лапе“ во Скопје покажала дека омилена храна на нивните соученици од сите одделенија се кроасани, чипс, чоколадно млеко, кока кола.

„Тоа што го дознавме беше шокантно. Јадеме чипсови, пиеме газирано и не сме физички активниСкоро во секој пијалок и вештачка храна има вештачки бои, ортофосфорна киселина, вештачки ароми, амониум хидроген карбонат, вештачки засладувач, засилувач на вкусови-моно натриум глукаминат Е621, Е322, Е476 и други податоци од кои страв да те фати“, раскажува осмоодделенецот Оливер  Цветковски.

Токму овие навики на нездрава исхрана, според специјалистите е причина за се поголем број на деца со прекумерна телесна тежина.

„Отсуство од вежбање во комбинација со неправилна исхрана, многу масти, шеќер и сол предизвикува загриженост за здравјето на младата популација“, вели  Марина Поповска-Домазетова од Агенцијата за храна.

Извор – VOA news

MK News

Автор инфо

One Response to “Што јадат децата во македонските училишта”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.