Момчево има две помали сестри и нивните родители ги седнуваат сите тројца за да им соопштат дека семејството ќе добие нов член.
Кога Џејсон и Тифани го дознале полот на своето неродено четврто дете, одлучиле да им ја соопштат веста на другите деца .
Трите дечиња се собрале на маса и ја пресекле тортата. Бојата во внатрешноста на тортата го откривала полот – розова за девојче, сина за момче.
Малиот Ганер посакувал братче и кога видел дека ќе добие и трета сестричка почнал да плаче и вика – неговата бурна реакција стана хит на интернет.
„Нееее пак девојче. Секој пат е девојче, девојче, девојче, девојче“ – вели Ганер со солзи во очите, одбивајќи да ја проба тортата.