Си ја лечи болната ќерка со марихуана


Седумгодишната Мајкајли Комсток боледува од леукемина, а нејзината мајка дневно и дава по 10 џоинта за да и ја олесни хемотерапијата. Таткото на девојчето се обидува да ја спречи мајката затоа што е загрижен од последиците.

Ова девојче е едно од најмладите пациенти во Орегон која користи марихуана (пилули) во медицински околности, а нејзината невна доза е еднаква на ефектот кој го даваат десет џоинта. Мајкајли вели дека пилулите и помагаат да јаде и да спие, но и дека од нив се чувствува и по малку „чудно“.

Таткото на девојчето, Џеси Комсток (26) кој живее во Северна Дакота загрижен е заради ефектите кои би можела марихуаната да ги остави врз мозокот на неговата ќерка. Меѓутоа нејзината мајка од друга страна истакнува дека би направила се за да ја спаси својата ќерка.

 Родителите на Мајкајли се разведени и живеат одделно, а медицинските трошоци ги плаќа нејзиниот татко. Тој додава дека бил сведок на чудното однесување на неговата ќерка како резултат од пилулите. Во текот на една посета, минатиот август, Џеси открил, на приватната клиника, дека неговата ќерка има ниво на марихуана еднаква на она ниво кое се наоѓа кај возрасни корисници. Сепак и покрај тоа, мајката на заболеното девојче верува дека овие пилули ќе и помогнат да се избори со последиците од хемотерапијата и додава дека таа сега е нормално дете.

Ирма Башеска

Автор инфо

One Response to “Си ја лечи болната ќерка со марихуана”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.