Систина го тужи Боки 13 за неплатени 10.000 евра за операција за стеснување на желудникот


Приватната болница „Систина“ преку суд бара од Бојан Јовановски-Боки 13 да ѝ исплати 10.000 евра, долг кој наводно не го подмирил. Во Граѓанскиот суд денеска требаше да се оддржи рочиште, но истото беше одложено бидејќи адвокатот на Јовановски му го откажал полномошното.

Расправата е одложена за 20-ти декември.

Јовановски многу често поради проблеми со здравјето по опеартивниот зафат е носен од затворот во Шутка на скопските клиники, а дури се шпекулираше дека тој ќе поднесе контра тужба против Систина заради проблемите предизвикани од операцијата на желудник во клиниката.

Јовановски е во притвор од 15-ти јули, а зедно со него е обвинета и екс специјалната обвинителка Катица Јанева и Зоран Милевски викан Кичеец.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1