Хаваријата во Охис ги извади на површина информациите за тоа што се токсично се крие во оваа фабрика.
Работите се до толку сериозни што пред една деценија и повеќе докторка од клиниката за детски болести направила цела студија за тоа зошто девојчињата предвреме влегуваат во пубертет, испитаници имало од цела Македонија, и од сите делови на Скопје. Резулатот бил дека сите во својот организам содржеле извесно количество на Линдан, поради што белгиската лабораторија со која што работеле на студијата изразила нота на загриженост што се случува со линданот како отров во Македонија и зошто толку се изложени граѓаните?
Видеото во линк е од емисијата 360 степени на Алсат-М
Доколку пред деценија и повеќе во една студија се добиени овие резултати, којзнае колкаво е количеството на линдан сега во организмот на граѓаните ширум Македонија, посебно на Скопјани, претпоставки се дека податоците се алармантни.