Од 1 април, проектот “Скопје 2014” ќе може да се разгледува и со електромобили. ЈП “Градски паркинг” распиша тендер за набавка на 5 електромобили, кои ќе се изнајмуваат во центарот на градотпишува Вест.
Електромобилите ќе имаат шофер кој покрај тоа што ќе ги вози ќе биде обучен и како туристички водич, односно ќе ги објаснува знаменитостите на градот. Ќе има опција и оние што ќе ги изнајмат, самите да го возат”, вели Борче Јакимовски директор на ЈП “Градски паркинг”.
Во електромобилите ќе има можност да се возат четворица. Од претпријатието се уште не знаат колкава ќе биде цената за изнајмување. Сега за сега познато е дека ќе можат да се изнајмуваат секој ден од 10 до 23 часот.
Зависно од моделот, цената на пазарот на овие возила е од 7.000 до 10.000 евра.
One Response to “Скопје 2014 ќе се разгледува со електромобили од април”