Сменети условите за Купи куќа-Купи стан – ќе може да купуваати тие што имаат домови


И граѓаните што веќе имаат свој стан или куќа ќе може да се пријават за субвенциониран станбен кредит од државата. Владата ги менува условите за проектот „Kупи куќа, купи стан“, при што, меѓу другото, го зголемува и највисокиот лимит на месечни примања на граѓаните шро сакаат да аплицираат за овој кредит, пишува Дневник.

stan pari kukjaИзмените во Законот за субвенционирање станбен кредит веќе се во собраниска процедура. Според нив, за „Kупи куќа, купи стан“ може да аплицираат и лица што самите или заедно со брачниот другар поседуваат стан или куќа што ги добиле во наследство, но само ако делот на заедничката сопственост не е поголем од половина од тој имот. Kредит сега ќе може да добијат и тие што поседуваат само една куќа, која ја продаваат, за да купат нов поголем стан или куќа или планираат да ја урнат постојната куќа и на нејзино место да изградат поголема наменета за сопствено домување. Досега, лицата што поседуваа каков било недвижен имот наменет за домување немаа право да аплицираат за субвенционираниот кредит.

Промени има и во поглед на лимитот за месечни примања на апликантите за кредитот. Имено, досега за „Kупи куќа, купи стан“ можеше да се пријави само лице што со брачниот партнер има месечни приходи од плата што не надминуваат 900 евра. Сега оваа сума се зголемува на 1.300 евра. За тие што не се во брак, останува горната граница од месечни примања од 900 евра.

Во случај на купување стан, државата дава 50 отсто од учеството или 9.200 евра за кредит од 50.000 евра. За купувањето или изградбата на куќа, каде што државата покрива 75 отсто од учеството, корисникот добива 15.000 евра за кредит од 50.000 евра. Притоа бенефицијата важи само ако корисниците го исплаќаат кредитот на рати подолго од 10 години.

Дневник

MK News

Автор инфо

One Response to “Сменети условите за Купи куќа-Купи стан – ќе може да купуваати тие што имаат домови”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.