Со себе носел робинка и живеел во страв и параноја – открино какви биле последните денови на Багдади


Лидерот на терористичката Исламска држава, Абу Бакр Багдади во последните месеци од бегството бил вознемирен, исплашен дека некој ќе го издаде, понекогаш се криел и под земја и зависел од мал број доверливи луѓе, наведуваат неговите соработници.

Со месеци држел тинејџерка, припадница на Језидите како робинка и ја носел секаде со себе, пренесува АП.

Тој се обидувал да пронајде сигурност додека подрачјата во кои делувале терористите се распаѓале.

На крајот го напуштил подрачјето на некогашната Исламска Држава и отишол во непријателската територија во сириската провинција Идлиб на северозападот од земјата со кој управуваат ривалите на радикалната група поврзана со Ал Каида.

Таму се разнел себеси за време на нападот на американските специјални сили во неговата сигурна куќа на 26. октомври.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1