Сопственикот на АТС ГРОУП Демировски доби 30 дена притвор во Србија


Вишиот суд во Белград му одреди 30 дена притвор на Шефшет Демировски, сопственик на фабриката за наменска индустрија, АТС ГРОУП од Визбегово крај Скопје.

Тој и уште тројца српски државјани се осомничени за купопродажба на документација која се води како воена тајна, а се однесува на машини за правење на куршуми за снајпер.

Притворот им е одреден поради опасност од бегство и влијание на сведоци, пренесува РТС.

Српската Бебедносно информативна агенција(БИА), вчетра го уапси македонскиот државјанин Шефшет Демировски, сопственик на фабриката за наменско производство во Скопје-АТС ГРОУП, во хотел во Белград за време на примопредавање на украдена документација од српската фабрика за наменско производтсво ,,Први Партизан“ од Ужице.

Како што објави српската полиција, македонскиот државјанин е обвинет за поткуп од најмалку 30.000 евра за добивање на воено-техничка документација за машина за производство на муниција и оружје, која ја изнеле од фабриката тројца нејзини вработени, од кои еден пензиониран инженер.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1