Спремете пари ако сте тргнале на Пелистер – Од денес ќе се наплаќа влез во Националниот парк


Дел од обврските на Национален парк „Пелистер” во делот на наплатата за влез за моторизираните посетители во паркот, почнуваат со реализација од четврток, 1-ви мај

pelister-2- (1)Ќе се наплаќа влезница со паркинг и тоа се однесува само на оние кои користат автомобили, комбиња и автобуси, па според тоа влезницата е различна цена, односно 50 денари плаќаат автомобилите и мотоциклистите, 80 денари комбињата до 20 седишта и 150 денари за автобусите.

Наплатата ќе ја врши веќе постојниот кадар на вработени во паркот, имено како непрофитабилна и самофинансирачка институција, Националниот парк Пелистер прибраните средства ќе ги користи за инфраструктура и подобрување на понудата на паркот и хигиената во него но и за еколошки потреби.

Наплатата во иднина ќе се однесуваат за влез во паркот по лице и карта за кампирање кога ќе се створат услови за тоа и ќе треба да се отвори уште еден влез во паркот од страната на селото Маловишта.

MK News

Автор инфо

One Response to “Спремете пари ако сте тргнале на Пелистер – Од денес ќе се наплаќа влез во Националниот парк”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.