Срамота – зар никој не е надлежен? Комшиката фрла отров насекаде за да труе миленичиња


Од крајност во крајност – вака може да се опише односот меѓу сопствениците на миленичиња и оние кои не ги сакаат животните. Наша читателка ни испрати информација за случувањата во нејзината зграда.

Според напишаното еден од соседите фрла некаков вид на отров и тоа не бира каде – и го има насекаде во зградата, а се со цел да се отараси од домашните миленици на соседите. Читателката се обидела и да пријави, но секаде каде се јавила не добила ниту одговор ниту пак некакава реакција. Отровот може да дојде во допир и со деца!!!

Утрово комшиката од трети на сите страни имаше расфрлано некаков си прашок кој во допир со вода позеленуваше, за што се работи точно не знам а не можам ни да отркијам бидејќи ниту една институција не сака да одговори на вакви позиви.

1795435_247612942084802_1368709578_o

1795435_247612942084802_1368709578_o

1911000_247608565418573_479114206_oСо оглед на тоа дека пред неполн месец и пол 6 месечно маченце ми умре на раце(мачето беше во мојот стан родено, никогаш го немаше напуштено станот, што значи не можеше на ниту еден можен начин д аим пречи на моите “соседи“) можам само да замислам што е белиот прашок.

Прашокот се беше налепил на ламарината на прозорот и насекаде на терасата, но овој пат имав среќа што жената што ми чисти реагираше на време па не отиде јабана и големата мачка, мајка на умреното маче, исто така чувана само дома и по никој основ ниту опасна ниту им смета на другите соседи. само да напоменам дека прашокот беше разлетан и насекаде низ дворот на соседот на приземје, а човекот има две малечки деца кој постојано си играат во свјот двор.

Која инсистуција е надлежна – треба ли да се отруе некое дете за некој да реагира????

MK News

Автор инфо

3 Responses to “Срамота – зар никој не е надлежен? Комшиката фрла отров насекаде за да труе миленичиња”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.