Србите бесни: Кајмакоски намерно провоцирал со двоглав орел?!


Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски наводно го покажал со рацете симболот на голема Албанија во текот на снимањето на емисијата „Твоето лице звучи познато“ во Белград.

Кајмакоски пред излегување на сцена со рацете го направил симболот „двоглав орел“и така позирал на фоторепортерите, а со тој потег ја испровоцира цела Србија.

Кајмакоски за српски „Информер“ тврди дека не знаел дека со рацете го покажува албанскиот симбол.

– Им ги покажував на фотографите своите лакирани нокти. Една од позите ми беше и оваа која предизвика скандал. Немав поим дека тоа е некој албански симбол. Македонец сум и православен, никогаш тоа намерно не би го направил. Во шок сум поради сè – изјавил Кајмакоски.

Од продукцијата исто така веднаш се огласиле.

-Нашето шоу е од забавен карактер и не дозволуваме пропагирање на какви било политички симболи и пораки. Да сметавме дека тука станува збор за таков симбол веднаш ќе реагиравме, како што тоа го правевме порано – велат од продукцијата.

Неговата поза наиде на негативни коментари од страна на граѓаните на Србија.

Некои српски колеги застанаа во одбрана на Кајмакоски, додека други бурно реагираа и го осудија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1