Македонската телевизија Сител два пати, на својата официјална Фејсбук страница, објавила мапа на голема Македонија, кон која се припоени делови од Србија, Албанија, Грција и Бугарија, тврди српски Курир.
Курир пренесува дека мапата на својата фејсбук страница ја објавила телевизијата Сител а веста веднаш ја пренела Коха Диторе. Курир се повикува на пишување на приштинскиот дневен весник „Коха диторе“, кој, наводно, тврди дека на мапата, во состав на голема Македонија, е и Косово.
Историчарот Бојан Димитриевиќ објаснува дека ова е „стара политичка приказна, која Македонија и натаму ја форсира“.
– Тоа е стара тенденција на оние кои застапуваат македонски национализам – вели тој.
Порталот во насловото коментира дека ова е „безобразлук“, а написот го почнува со реченицата: „Ал су нам суседи, свака част“.
3 Responses to “Српски Курир обвинува: Безобразлук, Македонците сакаат да го отцепат југот на Србија?!”