Стаклени керамиди кои ја загреваат куќата со соларна енергија


Шведска компанија Solartech која продава решенија за чиста соларна енергија, развила уникатен систем за затоплување на куќата, која се состои од керамиди направени од обично проѕирно стакло. Овие чудесни керемиди му даваат на покривот преубав леден изглед

236Она што ги прави овие керамиди толку посебни и ги издвојува на пазарот е тоа дека се керамиди направени од обично стакло и имаат приближно иста тежина како и оние направени од глина. Овој систем не ја затоплува водата или вакуум цевките, туку чист воздух.

Стаклените керамиди се поставуваат на црно најлон платно, под кое се монтирани воздушни џебови.

Црната боја ја апсорбира сончевата топлина и воздухот почнува да циркулира. Топлиот воздух се користи за загревање на водата, а тој систем е поврзан со домашниот систем за загревање преку акумулаторот на топлина.

STAKLENI KJERAMIDI

Убавината на овој систем е во тоа што ги намалува трошоците за енергија во текот на годината и тогаш кога деновите се темни, а и во текот на ноќта, благодарение на способноста за чување топлината во изолациските слоеви под црното платно.

Овој енергетски систем генерира околу 350kWh топлина по квадратен метар, во зависност од климата, како и агол и насоката на покривот.

Во 2009 г. овој систем беше избран од страна на жири и номиниран меѓу девет други како “најдобар нов материјал” (Hottest New Material).

323Врз основа на гласовите на публиката, стаклената ќерамида е наградена со златен медал на саемот за градежништво North Building Fair во Нордбиг, Шведска.

“Победничкиот материјал го комбинира атрактивниот дизајн со основните функции на чиста и одржлива енергија. Тоа е иновативен производ, кој е многу добредојден”, изјави претседателот на жирито, д-р Bengt Tolanen.

kukuriku.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

One Response to “Стаклени керамиди кои ја загреваат куќата со соларна енергија”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.