Стружани без дочек за новата година – парите, по 500 евра поделени на советниците


struga novaВо Струга со години наназад не се организира свечена новогодишна програма на плоштадот, а градоначалникот Рамиз Мерко потенцира дека граѓаните не покажувале интерес за масовен пречек на новата година.

Иако нема да се организира пречек на отворено, сепак, за новата 2013- та година од буџетот на Општина Струга се издвоени околу еден милион и четиристотини илјади денари. Од градската каса 600 илјади денари се потрошија за осветлување и украсување на градот со новогодишни реквизити, а 800 илјади денари им се поделени на членовите на општинскиот совет, така што секој од нив доби по околу 500 евра.

Press24

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1