Судот одлучи – Бојан Јовановски останува во притвор


Апелациониот Кривичен суд денеска одлучи за барањето на Бојан Јовановски – Боки 13 за укинување на притворот, и замена за домашен притвор.

Апелациониот суд ја отфрли жалбата на Бојан Јовановски поднесена по одлуката на кривичниот за продолжување на притворот.

Апелација смета дека се исполнети два од условите, односно можност за бегство и да го повтори делото

Вчера Боки 13 пред судот на јавна седница даваше образложение зошто треба да му биде укинат притворот.

„Здравствената состојба ми е животнозагрожувачка, а за овој случај треба да бидам жив за да ја кажам вистината“, рече Јовановски.

Јовановски се наоѓа во притвор како првоосомничен во случајот „Рекет“. Второосомничениот Зоран Милески – Кичеец од неодамна е во домашен притвор, а Катица Јанева како третоосомничена е во притвор, и притоа и беше одбиено барањето за домашен притвор.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1