Светот тагува: Коби Брајант, неговата 13 годишна ќерка и уште 7 лица загинаа во хеликоптерска несреќа


Полицијата на Лос Анџелес потврди на прес конференција дека девет луѓе биле во хеликоптерот кој се урна во местото Калабасас. Хеликоптерот не пријавил проблеми во текот на летот, иако видливоста била намалена во тој дел. Најпрвин биле пронајдени пет тела, а откако пожарот е локализиран во внатрешноста на урнатиот хеликоптер се откриени уште 4 тела.

Според очевидците, кои пријавиле во полиција, хеликоптерот се движел неконтролирано во воздухот и нагло започнал да паѓа по што удрил во ридот и се запалил. Заедно со Коби и неговата 13 годишна ќерка Џиана, во хеликотерот имало уште седум луѓе.

Откако се повлече од професионалното играње, Коби почна да го тренира училишниот тим на Џина, каде и таа играше и отсекога потенцираше дека неговата Џи Џи ќе биде негов наследник, иако немаше син. Меѓу НБА играчите, Коби го носеше прекарот Црната мамба, а неговата ќерка ја нарекуваа Мамбачита.

Се уште трае идентификацијата на останатите загинати и полицијата соопшти дека имињата нема да ги соопшти додека не ги известат семејствата. Според шерифот на полицијата во Лос Анџелес, хеликоптерот целосно изгорел по ударот, а делови се распрснале и на покривите на околните куќи. Брзата интервенција на пожарникарите спречила пожарот да се прошири и на преградието. Во текот на утрешениот ден, полицијата ќе го објави и списокот на останатите жртви, откако ќе заврши днк анализата.

Сите патувале на натпреварот на Џиана, во Mamba Sports Academy. Четвртата идентификувана жртва е бејзбол тренер на колеџот Оринџ Коуст, Џон Алтобели, Неофицијално петтата и шестата идентификувана жртва се и сопруга Кери и нивната ќерка, Алисија која била другарка и врсничка на Џиана. Полицијата потврди дека се во потрага по црните кутии и да ја утврдат причината за несреќата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1