СЗО: Ковид – 19 се повеќе ги напаѓа помладите


Ковид – 19 се повеќе ги напаѓа помладите, многу често болеста е со потешка форма или умираат од новиот корона вирус, предупреди Светската здравствена организација.

Експертите на СЗО се обидуваат да откријат зошто се повеќе здрави пациенти, кои претходно немале никакво хронично заболување, се наоѓаат во одделите за интензивна нега со тешки форми на заразата.

,, На што треба навистина да бидеме фокусирани сега е кој е профилот на возраста кои се суспектни. Зборувавме за ова претходно, многу индивидуи кои се од помладата популација од 20 , 40 и 50 години кои се суспектни и кои умираат ,,

Експерт на СЗО, Д-р Марија Ван Керхове .

Бројот на инфицирани од вирусот на светско ниво расте бројката достигна бројка од 1 13о 664 лица, а над 60 илјади починаа.

Во Соединетите Американски Држави 1.480 луѓе починаа од коронавирусот во последните 24 часа, соопшти доцна синоќа универзитетот Џон Хопкинс, додавајќи дека станува збор за најголем број смртни случаи во земјата досега.Вкупно 7.406 починале од коронавирусот во САД

Американскиот центар за контрола и спречување на болести препорача Американците во јавност да носат маски затоа што тоа помага во спречување на ширењето на коронавирусот. Претседателот Трамп рече дека не може да носи маска

,,Јас нема да ја носам,препорака е, препорачуваат .Јас се чувствувам добро. Јас едноставно не можам да го правам тоа .Не знам , не можам да седам на претседателската маса, да носам маска и да се поздравувам со голоемите претседатели, премиери, диктатори, кралеви, кралици…Не знам не можам да го замислам тоа за себе, можеби ќе го сменам мислењето “.Ова ќе помионе се надевам најдобро и брзо.,,

Трамп и францускиот претседател Емануел Макрон разговарале за свикување состанок на петте постојани членки на Советот за безбедност на ООН за да разговараат за соработка во борбата против коронавирусот, објави Белата куќа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1