Исказот на осомничениот Зоран Милевски за случајот „Рекет“ бил ставен на продажба, односно непознато машко лице се јавило на еден од вклучените во одбраната и го понудил за пари, дознава „Фокус“ од извори во истрагата.
Според нашите информации, машко лице деновиве се јавило на еден од адвокатите и за пари му го понудил тајниот записник. Тој веднаш го прекинал разговорот и случајот го пријавил на обвинителката Вилма Русковска. Исказот на Кичеец засега е тајна за адвокатите на останатите осомничени, бидејќи обвинителката Русковска реши да не им го даде.