Темпирана бомба лежи во цистерната во кругот „Охис“ – ги кријат информациите од јавноста


Темпирана бомба лежи во цистерната која е сместена во кругот на „Охис“ велат поранешните работници, за Телевизија Алфа. Според нив, ако таа не се пренесува по шини, големи биле шансите да експлодира, зашто внатре имало запалива материја. Пред камерата извадија документи дека течноста во цистерната била отровна предизвикувала трајни оштетувања кај луѓето, иако надлежните кажаа дека место за паника нема.

За хаваријата се уште се чекаат официјални извештаи за да се утврди концентрацијата на метил акрилат во воздухот, иако поранешните работници тврдат дека тоа било акрилонитрил (лесно запалива течност).

Гигантот кој некогаш хранел над 5.000 семејства, сега е реална закана по здравјето на жителите од овој дел на Скопје, но и пошироко. Останатите 11 опасни материи кај фабриката сега се спакувани во специјални буриња и се чуваат во магацин, но никој нема одговор што се се крие во таму, освен споменатите покрај хлор, жива, линдан, винил хлорид.

Алфа телевизија

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1