Тетовската модуларна болница имала проблеми уште при отворањето


Еден ден по извршениот технички прием на модуларната болница во Тетово на 15 април биле утврдени грешки при изведбата. Во август беа оштетени цевките од доводот за кислород. Тендерот за изградба на 17 модуларни болници во земјава лани го доби велешката фирма „Брако” заедно со валандовската „Ари и Том”. Преку заем од Светската банка, државата за таа намена им исплати 3,6 милиони евра.

Во април по отворањето на модуларната болница економскиот директор на Клиничката болница Тетово, Артан Етеми изјави дека побарал од фирмата изведувач да ги отстрани пропустите, на подот и уште неколку мали инфраструктурни грешки.

„Даден е рок за пет дена да се санираат грешките при изградба на модуларната болница. Струја и вода има. За системот за кислород сме во контакт со фирмата од каде ни рекоа дека за два-три дена може да се постави. Ако не излезат други проблеми, наредна недела се надеваме дека ќе се пушти во употреба”, изјави тогаш Етеми.

На 23 август некој го пресекол системот за централен довод на кислород низ објектите. Оштетени биле две споредни цевки кои носат кислород од централниот систем до првиот објект ургентно-дијагностичкиот центар, додека снабдувањето до ковид-одделенијата одело непречено преку главната цевка. Тогаш немало никакви проблеми за пациентите.

„Изгледа имавме среќа сите 125 пациенти што ги имавме ги спасивме, бидејќи да имаше оштетување на главната цевка тоа ќе беше катастрофа и не би сакал да предвидам што би можело да се случи и што би можеле ние да направиме во тие моменти“, изјави д-р Гзим Нуредини, координатор во Ковид центарот на Клиничката болница.

Неколку дена подоцна полицијата соопшти дека било приведено 42-годишно лице од селото Желино како осомничен за оштетување на цевките во болницата.

Во модуларната болница беа обезбедени места за 35 пациенти.
Во моментот на трагедијата во средата, во неа биле сместени вкупно 24 пациенти.

Во страшната трагедија која вчера се случи во модуларната болница, за сега потврдени се 14 жртви.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1