Трајанов: Ни најавија „Фајзер“, нè вакцинираa со „спутник В“


Пратеникот и лидер на Демократски сојуз, Павле Трајанов, реагира на процесот на вакцинација против ковид-19 и вели дека пратениците се дискриминирани. Неговата забелешка е во тоа што првично им било најавено дека ќе се вакцинираат со „Фајзер“, но денеска им била аплицирана руската вакцина „спутник В“.

Тој вели дека наспроти изборот на граѓаните да одлучат со која вакцина ќе се вакцинираат, нив не им било дадена таква можност.

„Пратениците се целосно дискриминирани, затоа што немаме право на избор. Граѓаните се во предност затоа што имаат право да изберат вакцина. Гледам дека тука има и ‘Фајзер’ веројатно во следните денови ќе има и ‘Астра Зенека’, но ние пратениците сме насочени да се вакцинираме со ‘спутник В’. Можевме да одложиме и да почекаме, но сепак, во интерес на тоа парламентот да профункционира се вакциниравме“,
рече Трајанов.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1