Трамп: Добар сум, следните неколку дена клучни за моето закрепнување


Доналд Трамп прв пат се обрати по хоспитализацијата во воената болница Валтер Рид, пред која стотици приврзаници втор ден му даваат поддршка. Од Белата куќа споделија фотографија на која се гледа дека Трамп веќе го минува работниот ден во специјалниот апартман во болницата. Трамп е уверен дека ќе го победи вирусот и ќе и се врати на кампањата, но овој пат, од сегашна перспектива, признава дека можеби требало да ги послуша советите на лекарите повеќе време да престојува дома, отколку меѓу граѓаните.

Немав избор бидејќи едноставно не сакав да останам во Белата куќа. Ми беше дадена алтернатива: остани во Белата куќа, заклучи се, никогаш не заминувај, дури и не оди во Овалната соба, само остани горе и уживај во тоа. Не се гледај луѓе, не разговарај со луѓе. Јас не можам да го сторам тоа, морав да излезам. Ова е Америка, ова се САД, најголемата земја во светот . Ова е најмоќната земја во светот. Не можам да бидам затворен во соба и потполно безбеден и само да велам: „Што и да се случи, нека се случи“. Не можам да го сторам тоа.

За здравјето на Трамп вчера излегоа многу контроверзни информации, кои одеа до таму дека состојбата му е загрижувачка и дека наредните два дена за него ќе бидат критични. Трамп, кој има 74 години е категоризиран како пациент со вишок килограми и со ризик на Ковид-19. Досега тој беше третиран со експериментален коктел од антитела и со антивируснот лек ремдесивир. Кругот на соработници на Трамп, позитивни на корона вирусот и натаму се шири. Повеќе од 10 соработници, вклучително шефот на изборната кампања се со позитивен тест.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1