Трогателно: Немала пари да чо чува бебенцето – го подарила на другарка која немала деца (Фото)


Приказната за шестмесечното машко бебе Ѓорѓе од Големо село кај Врање е достојна за да се направи и долгометражен филм. Неговата биолошка мајка Бисерка била принудена да го поклони на својата најдобра пријателка Оливера Милошевиќ, бидејќи како самохрана мајка не била во можност да издржува уште две деца.

341523_djordje-01_ffОливера Милошевиќ за „Франкфyртски вести“ вели дека Бисерка останала самохрана мајка со единаесетгодишната ќерка Стефана и синот Немања (8), по смртта на својот сопруг Раде, кој на 30 август минатата година починал од карцином на белите дробови во својата 43 година од животот. Тие живеат во голема сиромаштија во планинското село Секирја.
Новица и Оливера и двајцата работат во фабриката „Јумко“ каде што Бисерка и Оливер станале неразделни пријателки.
,, Многу ја почитував зошто знаев колку се мачи. На работа па потоа и на поле, само за да извади корка леб за децата. Многу и беше тешко и кога дозна дека нејзиниот сопруг е болен,, вели Оливера.
Кога починал Раде, сопругот на Бисерка таа во страв од селските патријархални правила не знаела како луѓето ќе реагираат на нејзината бременост. Не се јавила на лекар, никому не смеела да се довери, а Оливера не ни се посомневала дека Бисерка е бремена.

-Малку се промени, но помислив дека тоа се должи на тешкиот живот и грижата за сопствените деца кои мора и натаму да ги одгледува- вели Оливера.

Дете родено во ВЦ-шоља

А потоа на седми декември Бисерка дошла на работа точно на време – никогаш не каснела. Но набрзо се пожалила дека не и е добро и ја замолила Оливера да ја однесе до кај неа дома, бидејќи куќата на Оливера била поблиску до фабриката. Кога стигнале Бисерка веднаш отишла во тоалет и одтаму веднаш побарала вода и шеќер.

-Имав што да видам. Само што не се онесвестив. Рацете и беа крвави, незнам дали на неа и требаше шеќер или на мене. Никогаш не сум имала искуство со породување, па додека седеше така исцрпена на ВЦ-шољата ја запшрашав:„господе боже жено што ти е“? Готово е се породив, едвај прозбори…А, дете? просто излета крик од мене. Некако успеа да стане, го извади од вц-шољата и го стави на под. Сама му ја пресече папочната врвка. Детето заплака-раскажува Оливера.

Таа веднаш ја повикала пријателката која е медицинска сестра, таа го средила бебето и повикала брза помош. Набрзо дошла брза помош и ги однела мајката и детето во гинеколошката болница.

341524_djordje-02_ff

Домот сонце ни го огреа

-После три дена поминати во болница, каде што Оливера цело време била крај нејзината најдобра пријателка Бисерка и покрај бебето, се појави прашањето каква ќе биде судбината на бебето. Што ќе правам сега црна јас? викала Бисерка. Оливера вели знаела дека тоа дете е предодредено да е кај неа. Ние немавме деца, и тоа ме јадеше, често и на Бисерка и кукав за тоа. Бисерка имала избор да го даде детето во дом или да го здоми кај својата другарка – Кога Оливера ја прашала Бисерка дали може да го здоми бебето, Бисерка заплакала од среќа.

-Ѓорѓе е нашето злато, наша икона, воскреснување во домот, наш нов живот, снага, победа на доброто врз злото. Само Господ бог нека го чува, а покрај него и сите нас, се разбира и Бисерка и нејзините две деца. Ние остануваме големи пријателки и сестри, повторно заедно ќе работиме, а ќе имаме и многу работи за кои ќе зборуваме, со многу повеќе радост и среќа, вели Оливера…

И сопругот на Оливера, Новица беше пресреќен.

-Куќата сонце ни ја огреа, и само големиот Бог ни ја отвори вратата и прозорите до бескрај- не криејќи ја радоста рече Новица.

Tags:

MK News

Автор инфо

2 Responses to “Трогателно: Немала пари да чо чува бебенцето – го подарила на другарка која немала деца (Фото)”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.