Еден доктор влегол во болницата набрзина откако бил повикан на итна операција
Тој се пријавил, се пресоблекол и влегол директно во одделот за операции. Го сретнал таткото на детето како поминува во ходникот чекајќи доктор.
-Зошто ти требаше толку време за да дојдеш? Зар не знаеш дека животот на син ми е во опасност? Зар немаш чувство за одговорност, бесно рекол тој.
Докторот се насмевна и одговори:
-Извинете, не бев во болницата и дојдов веднаш штом го примив повикот… А сега, ве молам смирете се за да можам да ја работам мојата работа.
-Да се смирам? Што доколку твојот син беше во салата сега, дали би бил смирен? Доколку синот ви умираше сега што би направиле, рече таткото гневно.
Докторот повторно се насмевнал и одговорил:
-Јас би рекол како Јов што рекол во Библијата. Од земја дојдовме и во земја се враќаме, нека е благословено името на Господ. Докторите не можат да го продолжат животот. Одете и молете се за вашиот син, а ние ќе направиме се најдобро според милоста Божја.
-Да даваме совети кога не сме засегнати е многу лесно, промрморе таткото.
Операцијата траеше неколку часови по која докторот излезе надвор задоволен.
-Фала му на Бог, вашиот син е спасен!, извика докторот.
И без да го дочека одговорот на таткото тој продолжи да оди .
-Зошто тој е толку арогантен? Не можеше ли да почека некоја минута за да го прашам за состојбата на син ми, Коментираше таткото гледајќи ја сестрата откако замина докторот.
Сестрата одговори, низ солзи во очите:
-Неговиот син почина вчера во сообраќајна несреќа, тој беше на погреб кога го повикавме за операцијата на син ви. И сега откако го спаси животот на вашиот син, тој замина да го доврши погребот на неговиот син, рече сестрата.
Од оваа приказна е трогателна и тажна, но од неа може да се извлече важна поука.
Извор:Курир