Црвенковски се откажа од пензијата – ќе ја донира во СДСМ


Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, одлучи својата пензија да ја отстапи за потребите на партијата. Ова вчера го потврди шефот на пратеничката група на СДСМ, Игор Ивановски. Поранешниот претседател месечно зема околу 90.000 денари пензија.
branko-crvenkovski1„Црвенковски, како и сите пратеници, советници и градоначалници на СДСМ, одлучи дека личниот интерес не може да биде поголем од државните интереси“, изјави Ивановски, кој додаде дека „за разлика од нас, во ВМРО-ДПМНЕ има тепачки за функции и оттаму разликата е јасна“.

Според него сите во СДСМ и во коалицијата со своите одлуки покажале голема етичка вредност со своите постапки.

„Со одлуката за бојкот на изборите серија идни градоначалници и советници на СДСМ се жртвуваа од своите примања. Кога ние ќе дадеме оставка и ние ќе немаме плата. Тоа е најмала жртва за иднината на Македонија. Апанажата е законско решение и индивидуална одлука на секој пратеник. Некој може да ја зема, некој може да се откаже. Што ќе се одлучи ќе видиме понатаму“, истакна Ивановски.

MK News

Автор инфо

One Response to “Црвенковски се откажа од пензијата – ќе ја донира во СДСМ”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.