Уапсени тинејџери кои претепале и ограбиле момче


Полициски службеници на СВР Тетово 15 минути по полноќ ги лишиле од слобода Ј.Г.(19) и 17-годишник од Тетово.

Лицата претходниот ден околу 23.00 часот на ул.„Иво Лола Рибар“ физички го нападнале Р.С.(18) од Тетово и му одзеле мобилен телефон.

Двајцата биле задржани во Полициската станица Тетово за целосно расчистување на случајот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1